Околу 1,7 милиони луѓе имаат потребна од хуманитарна помош во самопрогласениот регион Сомалиленд, соопшти денеска глобалната хуманитарна организација Оксфам.
Недостигот на дожд и продолжената суша уште од 2016 година ја продолжуваат кризата, предупреди организацијата и додаде дека снабдувањето со вода се намалува со алармантна стапка, поради што локалните заедници се приморани да носат вода со цистерни.
Како што наведува Оксфам, околу 4,9 милиони луѓе ширум Сомалиленд и Сомалија тешко доаѓаат до храна, а околу 2,6 милиони се интерно раселени, од вкупниот број на населението кој изнесува меѓу 14 и 15 милиони луѓе.