Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев доби уште едно слободно можеме да кажеме огромно признание.
Пандев во Италија пристигна пред цели 18 години, а неодамна го одигра и неговиот 400-ти натпревар во Калчото, додека утре по 100-ти пат ќе настапи во дресот на македонската фудбалска репрезентација.
„Гранде“ Пандев кариерата во Италија ја започна во редовите на Интер во 2001 година, потоа беше испраќан на позајмици во Спезија и Акона, следуваше трансфер во Лацио, но подоцна се врати во Интер и во 2010 година со овој тим освои се што можеше да се освои (Лига на шампионите, италијански куп и Скудето).
Еден од најпознатите и најреномираните спортски медиуми во светот „Гоал“ направи идеални тимови од повеќе клубови составени од најдобрите играчи на тој тим кои потекнуваат од школата на клубот.
Пандев не е комплетен производ на Интер, тој се градеше во Беласица, но очигледно една година помината во младинскиот тим на Интер била доволна за уредниците на „Гоал“ да му доделат место на Пандев во овој тим на Интер.