Унгарската владејачка партија Фидес е суспендирана од Европската народна партија (ЕПП) поради антиевропски кампањи.
Ова значи дека Фидес нема право на глас, како и дека комисија на ЕПП предводена од Херман ван Ромпуј ќе врши надозр дали партијата на премиерот Виктор Орбан се придржува до условите кои ги постави лидерот на ЕПП, Манфред Вебер.
Одлуката е донесена по долги часови партиски преговори и натегања помеѓу сите партии членки на Европската Народна Партија, одлуката е донесена.
Фидес ќе биде суспендирана веднаш и до следно известување, по денешното гласање на членките на ЕПП, 190 гласа „за” и три „против”.
Тој прецизираше дека суспензијата значи дека Фидес, партијата на унгарскиот премиер, нема да може повеќе да присуствува на партиските средби, нема да има право на глас ниту да предлага кандидати за функции.
Фидес претходно се закани дека ќе ја напушти Европската народна партија ако биде суспендирана.
ВМРО-ДПМНЕ, која е членка на ЕПП, соопшти дека партијата ја поддржува одлуката.
„Европската народна партија во пресрет на Европските избори одржа состанок на Парламентарното Собрание во Брисел. На истото се усвоија генералните стратешки насоки за европските избори како и идното дејствување. На политичкото Собрание се разговараше и за односите со членката на ЕПП, Фидес од Унгарија. ЕПП постигна компромис кој беше прифатен со консензус според кој Комисија на ЕПП предводена од Херман ван Ромпуј треба да ја мониторира имплементацијата на забелешките на ЕПП и да ги утврди фактите. Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ го подржа овој компромис кој значи силна и обединета ЕПП“, соопштија од партијата.