Промени во регулативата за работни односи, преквалификација на невработените, креирање добро платени места, се дел од препораките со кои на компаниите ќе им се обебзеди регрутација на квалитетна работна сила и поголема конкурентност, но и ќе се намали одливот на квалитетниот кадар од државата.
Љубомир Димовски, претставник на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива” во кој се вклучени четирите стопански комори, вели дека досега како заеднички став на приватниот сектор се изработени девет позициони документи во делот на работните односи.
– Барањата на фирмите секогаш се во насока на поголема флексибилност во процесот на поставување, реализирање и претставување на работниот однос во еден вид на дерегулација, но сигурно не анархија, третирање на работниот однос како договорен однос со задолжителни елемнети и слобода на договарање меѓу двете страни, рече Димовски на денешниот форум на тема „Предизвиците на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време”.
Во анкетата во ноември лани на 518 фирми речиси половина се изјасниле негативно на прашањето за регулативата од трудовото право.
Иницијативата за креирање нов закон за работни односи, според Димовски, може да одговори на дел од проблемите кои ги лоцираат фирмите во делот на законската регулатива. – Ги повикувам сите, особено помладите надежни кадри кои доптрва треба да влезат на пазарот на трудот, да ги следат измените на регулативата, но и активнмо да даваат предлози за подобрување на законите, а исто така во активностите на проектот може да се вклучат и претпримачите и инвеститоирите со јавно изразување на нивните ставови во врска со разни проблеми, а коишто ние ќе ги објавиме и доставиме до надлежните институции со цел да се подбри паџзареот на трудот во државава и да се намали иселувањето на луѓето, рече Димовски.
Според универзитетскиот професор Гадаф Реџепи, од 2010 година досега има намалување на бројот на запишани ученици за 25 проценти, односно во средните училишта се запишани 15.000 помалку ученици, а во некои региони има 31 процент.
Анализата за периодот од 2006 година досега покажува дека се намалува бројот на невработени со основно и средно образование, но оти нема намалување кај тие со универзитетско образование. Тоа, како што рече Реџепи, покажува дека има проблем во образовниот систем, особено во високо образование. Во прилог на тоа наведе дека во 2005 година имало 41 факултет, а 136 во 2018 година.
– Бројот на студенти во 2005 година изнесувал 48 000, а денес е 56 000 односно, што значи дека за 8000 студенти сме отвориле 95 нови факултети. Буџетот во образованието за десет години се зголемил за 120 проценти и овде станува збор за лошо менаџирање во овој дел, рече Реџепи, порачувајќи дека новиот закон за работни односи треба да одговори на новите економси околности.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека активностите треба да се насочат кон отворање работни места кои ќе бидат подобро платени и поатрактивни за младите да останат во државата и да се обезбедат услови за преквалификација на невработените кои немаат соодветна едукација.
Иако во државава има рекордна ниска невработеност од 19,4 проценти од осамостојувањето досега, укажа вицепремиерот, проблем е структурата на 105.000 невработени граѓани затоа што 42 процента се постари од 50 години, 50 проценти се без или со основно обарзование, а 26,5 проценти со средно образование, но не од бараните техничките училишта. Анкетата на 3.140 компании покажала дека 1.883 од нив во наредните шест до 12 месеци ќе имааат потреба од 18.643 работни места и ако се претпостави дека уште толку вработувања се потребни кај неанкетираните моментната потреба на работни места е над 35.000 до 40.000. Најбараните занимања се машински инженер градежен инженер, електротехничар, шиваќ, пекар, готвач, слаткар, ….
Според Анѓушев, веќе не е проблем отворањето работни места, туку како да се пополнат, а невработените да се оспособат и преквалификуваат за најбараните и најдефицирани работни позиции.
– Првиот таргет е како 105.000 невработени лица од кои третина може да се вработат за една година, да се преквалификуваат, односно како тие со основно образование да ги направиме тоа што може – готвач, пекар, заварувач, бравар столар, и како на техничките универзитети да го зголемиме потренцијалот за да го задоволиме барањето за машински, градежен инжинер, програмер. Да престанеме да се залажуваме дека 95 проценти е здраво за едно опшеттсво а не е и за нив самите дека треба да одат на универзитет, не е сета среќча во тоа, подобро е да имае знаење и струка и со неа добро да живеете и заработувате оид вашата 18 или 19 година отколку да завршите универзитет кој нема да биде почитуван и од кој на крај ќе добиете диплома со која не ќе знаете што да правите ако е несодветна на реачната состојба во државата, рече Анѓушев.
Државата освен поддршка за раст на индустријата поддржува и преквалификација со активните мерки преку Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика за што годинава се обезбедени 20 милиони евра.