Четириесет и деветгодишен маж од селото Ропотово, во општина Долнени, пријавил дека бил измамен од лицето З.И.(57) од Штип, кому минатиот месец му дал 62.000 денари за да му набави лекови од Бугарија. Тој ги зел парите и се обврзал дека за пет дена ќе ги набави лековите.
„Според пријавеното, до денот на пријавување, С.В. неколку пати се обидел да контактира со З.И., но не успеал да го најде, по што заклучил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти полицијата.