Почнуваат квалификациите за пласман на ЕП 2020

Денес ќе се одиграат првите 10 натпревари од квалификациите за ЕП 2020. 55 тимови учествуваат во битката за учество на завршницата на шампионатот, што ќе се одржи во неколку градови на Стариот континент.

 

Судирот меѓу Македонија и Летонија од групата „Г“ е од најголем интерес за нас. Македонската јавност се надева на победа на домашен терен во првиот натпревар во квалификациите и соодветна прослава на натпреварот бр.100 за капитенот и најдобар фудбалер на селекцијата – Горан Пандев.

Фокусот на светската јаност пак ќе биде во Брисел, каде се игра дуелот помеѓу Белгија и Русија. Домаќините се фаворити и ќе се обидат да поведат против својот главен ривал за првото место. Сепак, „зборнаја“ е тврд орев и ќе има за цел да украде барем бод од „црвените ѓаволи“.

Во групата „Г“, вниманието ќе биде насочено кон дербито помеѓу Австрија и Полска. Полјаците не успеаја да ги исполнат очекувањата на Светското првенство, а Австријците воопшто не се квалификуваа за него. Натпреварот во Виена, исто така, ќе биде дуел меѓу тимските колеги од Баерн Минхен- Давид Алаба и Роберт Левандовски.

Во групата „Е“ Словачка ја дочекува Унгарија, додека финалистот од Светското првенство 2018, Хрватска е домаќин на аутсајдерот Азербејџан.

Квалификации за ЕП 2020, 1 коло:

Група „Ц“:

Северна Ирска – Естонија
Холандија – Белорусија

Група „Е“:

Словачка – Унгарија
Хрватска – Азербејџан

Група „Г“:

Израел – Словенија
Северна Македонија – Латвија
Австрија – Полска

Група „И“:

Казахстан – Шкотска
Кипар – Сан Марино
Белгија – Русија.

Треба да знаете
Последни објави