Мауро Икарди, по шест недели, повторно тренира со соиграчите. Ова е прво појавување на Аргетнинецот во тимот по 13 февруари.
Сагата со Икарди доби среќен крај, откако тој избегнуваше да тренира со соиграчите, наводно поради повредата на коленото.
Аргентинецот, на „штрајк“ се реши откако челниците решија да му ја одземат капитенската лента.
Многу е веројатно дека тој ќе конкурира за место во тимот, за претстојниот натпревар со Лацио на 31 март.
Допрва Интер и фудбалерот ќе преговараат околу продолжувањето на договор, иако медиумите шпекулираат дека до нешто такво нема да дојде. Наводно клубот бил подготвен да го продаде напаѓачот за сума помеѓу 80 и 100 милиони евра.
Конкретни понуди за Икарди доставила Реал Мадрид и Наполи, а интерес покажува и Јувентус.
Сезонава, Икарди има постигнато 15 гола на 28 натпревари.