Додека ние спиеме, под кожата се случуваат многу работи за кои не сме свесни. Телото забрзано се регенерира, оштетените клетки се заменуваат со нови, а мозокот ги обработува информациите кои ги примил во текот на денот, бришејќи ги оние неважните.
Но, дека се трошат калории додека спиеме тоа малкумина го знаат. И тоа многу повеќе отколку што мислиме.
„Иако додека спиеме не трошиме толку калории како кога сме активни, таа бројка е далеку од нула“, вели Бил Фиш , лекар кој го проучува сонот и спиењето.
Колку калории ќе потрошиме додека спиеме зависи од нашата тежина, колку долго спиеме, колкава е телесната температура. Грубата процена е дека во просек, една личност согорува 0,84 калории по килограм во текот на секој час минат во спиење.
За да пресметате колку калории трошите во сон, помножете ја вашата тежина со 0,84 и потоа со бројот на часови минати во спиење. На пример, ако имате околу 60 килограми и спиете 8 часа, ќе потрошите околу 400 калории.