Родителите постојано им одржуваат лекции на своите деца – не се тепај со брат ти, биди вреден, секогаш кажувај ја вистината, биди педантен и слично.
Но, кои поуки навистина ќе им послужат во животот? Што е она што се издвојува од останатото?
1. Одмерени и правилни постапки, дури и ако тие не се „популарни“
Прифаќањето на лудориите на „популарните“ другарчиња заради подобро вклопување во околината, како и поистоветувањето со контроверзните славни личности, многу лесно може младата личност во развој да ги насочи во погрешен правец на самоидентификација.
Не го споредувајте детето дури ни со повозрасните членови на семејството. Така кај него се јакне чувството на оригиналност и самодоверба, а се минимизираат љубомората и фрустрациите подоцна во животот.
3. Почитувај го соговорникот
Човекот од најмали нозе треба да знае дека со личноста спроти него/неа, секогаш треба да се однесува со еднаква почит, трпение и достоинство.
4. Никогаш не откажувај се
Упорноста и вербата околу она што искрено се сака, на овој или оној начин, секогаш се исплатува. Животот носи многу подеми и падови, но станувањето по секој пад нѐ прави помудри, поумешни, поискусни и посилни.