Џон Болтон бара помошникот на Гуаидо веднаш да се ослободи

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон побара од властите на Венецуела веднаш да го ослободат шефот на кабинетот на лидерот на опозицијата и самопрогласен претседател Хуан Гуаидо.

– Мадуро направи уште една голема грешка. Нелегитимното апсење на Роберто Мареро, помошникот на привремениот претседател Хуана Гуаидо, нема да помине без одговор. Тој треба веднаш да биде ослободен и да се гарантира неговата безбедност, напиша Болтон на Твитер.

Агенти на разузнавачката тајна служба на Венецуела денеска го приведоа Марерo и опозицискиот пратеник Серхио Вергара, соопшти партијата на Гуаидо.

Агентите рано утрово упаднале во становите на Мареро и Вергара во Каракас, напиша Гуаидо на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави