ОЈО Скопје почна истражна постапка против едно лице, осомничен за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Осомничениот на 20 март годинава 23-годишниот скопјанец неовластено држел кај себе огнено оружје пиштол „sig sauer“ со калибар од 7,65 мм и една рамка муниција во која имало три куршуми.
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност тој да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.