Мерката „трето дете“ не дава резултати, трошоците на државата растат, а наталитетот опаѓа

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска, во синоќешното издание на дебатната емисија „Економски магазин“, зборувајќи за ефикасноста на додатокот за трето дете, покажа фундаментално неразбирање за системот и самиот термин „демографска мерка“.

Повикувајќи се на растечкиот број на корисници, пратеничката тврди дека „мерката сама по себе има дадено резултати“, што е целосно погрешен заклучок. Напротив, и покрај зголемениот број корисници мерката не дава никави демографски резултати. Наталитетот во времето на ВМРО-ДПМНЕ драстично опадна и по воведувањето на мерката „трето дете”. Според податоците, наталитетот во Македонија во 2010 година бил 11,8, а во 2017 година 10,5. Оваа мерка имаше можност 10 години да се имплементира, но таа очигледно не дава резултати.

Заедно со бројот на корисници на мерката, растат и трошоците на државата. И покрај фактот што наталитетот опаѓал, Владата потрошила безмалку 208 милиони евра за исплата на додатокот за трето и четврто дете.

Сите овие податоци потврдуваат дека мерката за трето дете е неефикасна и лошо дизајнирана од самиот почеток. Така на пример, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова па го добивале и семејства кои имаат многу високи приходи. Социјалната реформа која ја изработи актуелното раководство на МТСП воспоставува целосно нов, правичен и ефикасен систем на социјална заштита. Со него, се обезбедува еднакво општество за сите и се насочуваат парите кон оние граѓани на кои им се најпотребни.

 

Треба да знаете
Последни објави