Пандев: Не се каам што заминав од репрезентацијата, се вратив само поради едно нешто!

Капитенот на македонската фудбалска селекција, Горан Пандев, беше во фокусот на вниманието кај акредитираните новинари на официјалата прес конференција пред мечот Македонија – Летонија од квалификациите за ЕП 2020, особено пради фактот што се очекува да го прокнижи јубилејниот стоти настап во црвено-жолтиот дрес.

 

Меѓу останатите прашања, до „Гранде Пандев“ стигна и прашање кое го потсети дека до овој јубилеј можеше да стигне и порано, па сега да биде рекродер со околу 120 настапи, бидејќи своевремено донесе одлука да се повлече од репрезентацијата.

 

– Не се каам што ја донесов таа одлука тогаш, стојам на ставот дека требаше да се покаже повеќе почит кон фудбалската репрезентација. Имаше различни нешта кои влијае на таа моја одлука, но пред се, беше прашање за нивото, не беше во ред да се тренира на ливади. Во репрезентацијата се вратив поради визијата на селекторот Ангеловски, тој дојде да ме посети во Италија и ме увери дека имаме генерација што заслужува да игра на едно големо европско натпреварување. Македонија сега игра модерен фудбал и работите се одвиваат како што посакуваме. Ангеловски ме врати во тимот да не беше тој, немаше да биде ни јубилејот. Сакам да му се заблагодарам и на него, но и на сите претходни селектори со кои соработував,- истакна искусниот голгетер.

Во оваа прилика Пандев беше запрашан и дали може да издвои некој посебно драг погодок, на што тој негираше дека постои таков, но сепак „ја отвори душата“.

– Сите голови за Македонија ми се драги. Но ете, секогаш ќе го паметам ремито со Холандија во Скопје, тој натпревар заврши 2:2, а јас имав еден погодок, исто така и голот против Шпанија (2:3),- посочи македонскиот фудбалер кој на клупски план се прослави во дресот на Интер со кој ја освои Лигата на шампионите.

Тој ја повика публиката во што поголем број да дојде на трибините на „Филип Втори“ и да им ја даде на фудбалерите неопходната поддршка за позитивен старт на квалификациите за Европското првенство во 2020 година, нешто што не се случило од 2008 година, кога за последен пат сме стартувале во еден циклус со триумф.

Треба да знаете
Последни објави