На конференцијата на Австриската бискупска конференција една од темите беше забраната за миса во Блајбург. Имено, Корушката католичка црква го одби барањето на Хрватската бискупска конференција за одржување миса на Лојбашкото Поле покрај Блајбург, бидејќи оваа миса политички се инструментализира, според Католичката црква.
Претседателот на Австриската бискупска конференција, Кристоф Шонборн, потврди дека се воделе разговори со Хрватската бискупска конференција за ова прашање.
„Архиепископот Пуљиќ ми пиша, долго време разговаравме на телефон. Го потсетив дека Клагенфуртската бискупија е надлежна за ова прашање, а не Бискупската конференција. За комеморацијата постои одлука на хрватскиот парламент и на ХБК. Но бискупијата во Австрија е одговорна за едно прашање, а тоа е одржување на миса. Нормално е една бискупија да праша друга за одржувањето на мисата. Одлуката беше негативна. Бискупијата не може да им забрани на луѓето да доаѓаат таму, тоа се однесува само на мисата”, рече тој.
Тој, исто така, им даде предлог на хрватските бискупи и на парламентот.
„Ние имаме еден предлог кој би сакал да го пренесам на хрватскиот парламент и на ХБК. Блајбург е болен период во историјата на Хрватска со илјадници мртви, но, исто така, историјата е комплексна. Јас сум по потекло од Чешка, бевме прогонувани, и дури по 80 години можеме искрено да зборуваме за тоа, ние Чесите кои сме и протерани и Германците. можеме да зборуваме со ХБК со комисија од историчари”, рече Шонборн.
Тој додаде дека во Австрија го гледаат Блајбург како фашистички собир.
„Во Австрија тоа е фашистички собир, во Хрватска – историја на предците.”