Oткако Лејди Гага и Бредли Купер ги насамарија сите со својата љубовна хемија за време на настапот на доделувањето на Оскарите, а потоа открија дека сето тоа беше глума, пејачката се повеќе време го поминува со еден друг актер со кој пријателството се претвори во романса.
И покрај тоа што уште минатиот месец медиумите ја опишуваа како „уништувачка” на бракот на Купер и Ирина Шајак, Лејди Гага продолжува да потврдува дека погледите исполнети со копнеж беа „одработени“ како дел од ролата од нивниот филм „Звездата е родена”.
Иако се пријатели веќе некое време, двајцата во последните неколку месеци сè повеќе се гледаат, а Гага поминува многу време и со неговата ќерка Аво.
Пејачката досега не се огласила во врска со последните написи, нејзината нова љубовна приказна доаѓа само еден месец по раскинувањето на веридбата со Кристијан Карин, по само две години врска. Нивниот прекин всушност е во согласност со причината која пејачката сама ја забележала и открила во документарецот “Five Foot Two”. Имено, нејзините успеси во кариерата честопати се пропратени со крај на љубовните врски.
Сепак, само месец дена од прекинот на врската, Гага утеха најде во прегратката на Ранер, кој зад себе исто така има еден пропаднат брак. Тој пред пет години се ожени за канадскиот модел Сони Пачеко со која во 2013 ја добија ќерката Ава, а бракот траеше само 11 месеци.