Главниот обвинител во Истанбул изјави денеска дека наредил притвор за 126 вработени во судскиот систем осомничени за наводни врски со мрежата на Фетулах Гулен, пренесува РТ.
Анкара тврди дека Ѓулен го организирал обидот за државен удар во јули 2016 година, но Ѓулен го негира тоа. Обвинителството соопшти дека осомничените живееле во куќи во кои мрежата на Ѓулен обучувала поединци за работа во судскиот систем.
Тогаш мрежата се обидела да ги постави оние што го положиле испитот во судскиот систем како обвинители или судии, додека останатите станале дел од адвокатската организација на мрежата.
Во одделна операција денес, канцеларијата на главниот обвинител на Анкара нареди притворање на 18 лица обвинети за врски со Ѓулен кои работеле како инженери за компанијата за одбрамбена индустрија „Хавелсан“.