Познатиот американски кантри-пејач Џастин Картер загина снимајќи спот во Тексас, така што случајно истрелал еден куршум додека го држел пиштолот в рака.
Пејачот трагично настрада на возраст од 35 години, а пиштолот со кој си пукал во окото бил наменет исклучиво за потребите на снимањето.
Тој почина вчера, на 21 март, а неговиот тим ја потврди тажната вест на социјалните мрежи.
„Ве молиме да се молите за семејството на Џастин и да имате разбирање за нивната приватност. Џастин веќе не е со нас, тој почина. Многу ќе ни недостига на сите нас. Тој секогаш беше позитивен, насмеани, сакаше толку многу луѓе во својот живот. Тој ги ценеше обожавателите и поддршката. Ви благодарам на сите за вашата поддршка! Наскоро ќе ве информираме за повеќе детали за донирање и помагање на неговото семејство околу погребот и сè друго. Почивај во мир, брате мој!“
Пејачот го објави последното видео пред две недели, а во него има и сцени со пиштол.