Министерството за надворешни работи на Грција го осуди денешниот нападот со рачна бомба врз Рускиот конзулат во Атина.
Врз традиционалните и вековни одлични односи на пријателство и соработка со Русија нема да влијаат ваквите незаконски постапки што се целосно за осуда, се наведува во соопштението на грчкото МНР.
Исто така се посочува дека надлежните власти работат на расчистување на случајот за сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.
Како што претходно објави МИА, околу четири часот утрово, непознати лица фрлиле рачна бомба во дворот на Конзулатот на Русија што се наоѓа во северниот дел на Атина, при што е предизвикана материјална штета.