Посетителите и персоналот од државниот музејот „Ермитаж“ во Санкт Петербург попладнево добиле наредба да се евакуираат, изјави прес-службата на музејот за ТАСС.
„На разгласот беше објавено дека сите мора да ја напуштат зградата”, се вели во соопштението од прес-службата.
Од „Ермитаж“ напишале на руската социјална мрежа „ВКонтакте“ дека била примена закана со бомба. Евакуација во „Ермитаж“ имаше и во четвртокот по анонимниот повик за поставена бомба што се покажа како лажен.
Службите за итни случаи во Санкт Петербург примаат бомбашки закани од средината на февруари. Евакуации имаше во десетина училишта и високообразовни установи низ градот, како и во бројни трговски центри. Сепак, сите закани за бомба се покажаа како лажни.