Со десет натпревари вчеравечер започнаа квалификациите за ЕП 2020. Педесет и пет тимови учествуваат во битката за учество во завршницата на шампионатот, кој ќе се одржи во различни градови низ континентот.
Првиот натпревар донесе изненадување – Казахстан ја победи Шкотска со 3:0 во групата „И”, во која потоа Кипар го победи Сан Марино со 5:0. Во дербито на денот, Еден Азар ја предводеше Белгија до победа со 3:1 над Русија.
Фокусот на акедонската јавност беше на Градскиот стадион, каде нашата селекција ја оствари првата победа против Летонија со 3:1 во меч од групата „Г”. Елмас на сва пати и Алиоски беа стрелци на головите во јубилејот на Горан Пандев, кој асистираше за првиот гол.
Вниманието на европската јавност сепак беше насочено кон судирот меѓу Австрија и Полска во Виена. Полјаците си заминаа сп три бода по победата со 1:0. Единствениот гол го реализира напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пјатек. Во истата група, Израел и Словенија одиграа 1:1.
Светскиот шампион Хрватска се намачи против Азербејџан на „Максимир” во Загреб, но со головите на Борна Баришиќ и Андреј Крамариќ направи пресврт и победи со 2:1. Во вториот натпревар од групата „Е”, Словачка запиша победа со 2:0 против Унгарија.
Во групата „Ц” Холандија немаше никакви проблеми со Белорусија, откако победи со 4:0, а Северна Ирска ја совлада Естонија со 2:0, а двата гола паднаа во второто полувреме.
Квалификации за ЕП 2020, 1 коло:
Група „И”:
Казахстан – Шкотска 3:0
1:0 Перцух (6)
2:0 Вороговски (10)
3:0 Заинутдинов (51)
Кипар – Сан Марино 5:0
1: 0 Сотиру (19-пенал)
2: 0 Сотиру (23-пенал)
3:0 Кусалос (26)
4:0 Ефрем (31)
5:0 Лафис (56)
Белгија – Русија 3:1
1:0 Тилеманс (14)
1:1 Черишев (16)
2:1 Азар (45-пенал)
3:1 Азар (88)
Група „Ц”:
Северна Ирска – Естонија 2:0
1:0 Мекгин (56)
2:0 Дејвис (75-пенал)
Холандија – Белорусија 4:0
1:0 Депај (1)
2:0 Вајналдум (21)
3:0 Депај (55-пенал)
4:0 Ван Дајк (86)
Група „Е”:
Словачка – Унгарија 2:0
1:0 Дуда (42)
2:0 Руснак (85)
Хрватска – Азербејџан 2:1
0:1 Шејдаев (19)
1:1 Баришиќ (44)
2:1 Крамариќ (79)
Група „Г”:
Израел – Словенија 1:1
0:1 Шпорар (48)
1:1 Захави (55)
Северна Македонија – Латвија 3: 1
1:0 Алиоски (11)
2:0 Елмас (29)
2:1 Исаев (87)
3:1 Елмас (90)
Австрија – Полска 0:1
0:1 Пјатек (69).