Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривични пријава против Н.Д.(23) и А.Б.(51) од Скопје. Првиот се товари за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, а вториот за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Според полицијата, на 20.03.2019 година, при вршење патролна служба на улица Боро Менков, полициски службеници при преглед кај Н.Д. пронашле и одзеле пиштол „SIG-SAUER 7.65“ со рамка во која имало три куршуми, без соодветна дозвола.
Истиот ден полицијата кај А.Б., а подоцна и во неговиот дом при пронашле хероин.