Мицотакис: Граѓаните ќе гласаат за нова Европа

Лидерот на најголемата опозициска партија во Грција, Нова демократија, Киријакос Мицотакис изјави дека граѓаните на Европска Uнија на претстојните европски избори ќе ги остават зад себе лагите и популизмот.

Митокакис истакнa дека на европските избори граѓаните ќе гласаат за нова Европа, која ќе биде способна да понуди нови и подобри работни места за младите, како и безбедност за сите граѓани на Европа.

За суспендирањето на партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан Фидес од Европска народна партија, Миототакис истакна дека Нова демократија била првата партија што јавно барала мерки и одредени ограничувања за Орбан.

– Побаравме суспензија на нивното членство во ЕПП и многу сме среќни што таквата одлука беше официјално усвоена минатата среда. Задоволни сме од одлуката, која дава јасен одговор на оние кои сакаат да ја поврзат Нова демократија со екстремизмот и популизмот, заклучи лидерот на грчката опозиција.

 

Треба да знаете
Последни објави