Организаторите на Роланд Гарос, за вториот Гренд слем турнир во сезоната, одлучија да го зголемат наградниот фонд за 8 отсто во споредба со 2018 година и да изнесува 42.661.000 евра.
Победниците во двете конкуренции ќе добијат по 2,3 милиони евра, додека губитниците во борбата за трофејот ќе инкасираат по 1.180.000 евра.
Според соопштението, претседателот на Тениската федерација на Франција, Бернард Гуџудичели, и директорот на турнирот Ги Форже, сакаат да продолжат да ја намалуваат разликата помеѓу износот кој го добиваат победниците на турнирот и оние тенисери кои излегуваат уште во првиот круг.
Имено, оние кои ќе бидат елиминирани на почетокот на турнирот ќе добијат по 46.000 евра, што претставува зголемување од 15 проценти.
Ролан Гарос турнирот ќе се одржува во периодот од 24-ти мај до 10-ти јуни.