Најмалку 60 загинати во судир на два автобуса во Гана

Во судирот на два автобуса во јужниот дел на Гана, во петокот наутро, загинаа најмалку 60 лица, соопшти полицијата.

„Потврдена е смртта на најмалку 60 лица“, рече полицискиот службеник Џозеф Анти Џиу, наведувајќи дека автобусите се судриле околу 2 часот во регионот Боно Ест, околу 430 километри северно од Акра.

Едниот од автобусите се запали, а другиот е здробен. Во секој од нив имаше околу педесет патници. На местото на несреќата беа испратени брза помош и пожарникари.

Во болницата во Кинтампо беа хоспитализирани 28 лица, од кои 7 се во критична состојба.

Треба да знаете
Последни објави