Горан Пандев на вчерашниот натпревар против Летонија обележа неверојатен јубилеј, го одигра 100-тиот натпревар во дресот со државниот грб.
Капитенот одигра уште еден одличен натпревар асистирајќи на првиот погодок кој го постигна Џани Алиоски.
Честитки за јубилејот до Пандев стигнуваат од сите страни, а не изостана и таа на Џенова. Од италијанскиот клуб преку социјалните мрежи со специјална порака му честитаа на Горан за „стотката“ во дресот со државниот грб.
– Честитки Горан, неверојатен човек и фудбалер. Ти си знаме и гордост на твојата Македонија. Го заслужуваш аплаузот на целиот меѓународен фудбал, -гласеше во пораката испратена од Џенова преку нивниот официјален Твитер профил.