Поднесена претставка до Хелсиншки комитет поради притворите за 27 Април за кои има активна гаранција

Семејствата на припадниците на МВР осудени за настаните за 27 април денеска поднесоа претставка до Хелсиншкиот комитет против решението на судијката Добрила Кацарска да им се одреди притвор до правосилноста на пресудите. Пртеходно семејствата на осудените поднесоа претставка и до Народниот правобранител, кој им ветил на семејствата дека ќе ја разгледа претставката и соодветно ќе реагира доколку се утврдат повреди на човековите права.

Тие сметаат дека Кацарска, спротивно на закон и неосновано им одредила нова мерка притвор на дел од обвинетите кои претходно имаа дадено гаранција да се бранат од слобода, а која беше прифатена од Кривичниот суд и потврдена од Апелациониот суд.

Во решенијата за определување на притвор на обвинетите на кои претходно им е уважена гаранцијата за да се бранат од слобода, а не е укината гаранцијата. Во решението за притвор стои дек дека се укинуаат мерките а претпазливост задолжително јавување во судот и да и биде вратена патната исправ, а нема ниту еден ззбор за гаранцијат. Па така сега имаме ситуациа  кога тие се во притвор со правосилна гаранција потврден од Апелациониот суд, велат од семејствата.

Треба да знаете
Последни објави