Преку официјалниот Твитер профил, Aмбасадата на Русија во Грција го осуди нападот со рачна бомба врз нејзиниот конзуларен дел, што се случи рано утрово, јави дописничката на МИА од Атина.
Во реакцијата се вели дека денешниот инцидент во конзуларниот оддел не влијаел на работата на Амбасадата и се изразува благодарност до Министерството за надворешни работи на Грција и до грчката полиција.
– Решително ги осудуваме таквите незаконски дејствија. Изразуваме благодарност до надлежните грчки власти за нивната брза реакција. Отануваме во близок контакт со нив, се наведува во реакцијата на Руската амбасада во Атина.