Корпорацијата „Тисон инк.“ повлекува речиси 35 тони преработено смрзнато пилешко месо кога купувачи се пожалиле дека содржи метал. Одделението за безбедност на храната при Министерството за земјоделство најави повлекување на месото нагласувајќи дека контаминацијата влијаела на смрзнатите готови производи од пилешко месо, произведени на 30 ноември во фабрика во Арканзас.
Проблемот бил откриен кога одделението за безбедност на храната примило две жалби од потрошувачи за надворешни материјали во пилешките производи.
Ова е втор инцидент на оваа компанија од почетокот на годината кога „Тисон“ во јануари повлече 18 тони обработено пилешко месо од продавниците за прехранбени производи во САД бидејќи купувачите во нив нашле гума.