Во експлозија во индустриски комплекс во покраината Џијангсу на истокот од Кина, настрадаа 44 лица, а повредени се повеќе од 600, пренесе „Ројтерс“.
Кинеската државна телевизија објави дека експлозијата се случила во индустрискиот парк, Ченџијаганг во градот Јанченг.
Од силната експлозија, срушени се и околните куќи, како и неколку згради.