Војниците на Боко Харам убија најмалку 23 чадски војници во текот на ноќта, изјавија двајца безбедносни извори во Чад.
Ова претставува најсмртоносен ваков напад во Чад од страна на исламистичките милитанти, пишува „Еуроњуз“.
Нападот се случил во градот Дангдала, во близина на брегот на езерото Чад, додадоа изворите. Еден од нив рече и дека се верува дека напаѓачите ја преминале границата од соседната држава Нигер.