Познатата травничка ќебапчилница „Хари“ во БиХ вчера ја претстави најголемата порција ќебапи досега. Во огромна лепиња работниците од ќебапчилницата послужија 2.160 ќебапи кои бесплатно им ги дадоа на граѓаните на Травник.
Огромното печиво и големите ќебапи дојдоа да ги видат и пробаат многу граѓани на БиХ, како и новински тимови.
https://www.facebook.com/cevabdzinicahari/videos/2284141355175690/?t=0
Жителите на Травник се пофалија дека нивните ќебапи се на врвот на најдобрите јадења на Taste Atlas и сметаат дека е крајно време да се заштити ќебапот во БиХ како традиционален јадење.