Горан Пандев „мистер 100“

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, вчера, на Националната арена „Филип Втори“ на мечот со Летонија го одигра 100-от настап во дресот на А репрезентацијата.

 

По тој повод „Гранде Пандев“, доби признанија од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Европската куќа на фудбалот (УЕФА), а претходно капитенот на „црвено жолтите“ доби специјален подарок од соиграчите.

Пандев во „клубот 100“ му се придружи на Гоце Седлоски кој моментално е во тренерските води. Новиот „мистер 100“ дебитираше минатата деценија, а низ годините носеше огромна радост со своите погодоци.

Пандев е најдобар стрелец во македонската фудбалска репрезентација со 33 погодоци.

Треба да знаете
Последни објави