Европската Унија истакна дека не го признава суверениететот на Израел над Голанската всорамнина, реагирајќи на изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп кој рече оти е време да се признае дека Голан му припаѓа на Израел.
„Позицијата на ЕУ не е сменета. ЕУ во согласност со меѓународното право, не го признава суверенитетот на Израел над териториите кои ги окупираат од 1967 година, вкучувајќи ја и Голанската висорамнина и не сметаме дека е тоа дел од израелската територија“, изјави европската портпаролката за „Ројтерс“.
Од Кремљ денеска соопштија дека се надеваат оти повикот на американскиот претседател, Трамп за признавање на суверенитетот на Израел над Голанската висорамнина ќе остане само тоа – повик.
Претходно од Министерството за надворешни работи на Иран, соопштија дека изјавата на Трамп е неприфатлива.
Реагираше и сириската влада која ја осуди изјавата на Трамп.
Трамп вчера на „Твитер“ порача дека е време да се признае суверенитетот на Израел над Голанската висорамнина, територија којашто оваа земја ја освои од Сирија по војната во 1967 година.