Долгогодишниот спикер на либанскиот парламент, Набих Бери, изјави денеска на среднбата со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, дека американските санкциите за Хезболах имаат негативно влијание врз Либан и Либанците, пренесува РТ.
Бери му рекол на Помпео дека Хезболах е либанска партија во владата и во парламентот. Тој, исто така, нагласил дека вооружениот отпор на Хезболах против Израел е резултат на континуираната израелска окупација на либанската територија.
Помпео ја истакнла загриженоста на САД во врска со дестабилизирачките активности на Хезболах во Либан и во регионот и ризиците што ги претставува групата за безбедноста, стабилноста и просперитетот на Либан.