На 22.03.2019 година во 13,00 часот во СВР-Скопје В.М.(78) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10,00 часот во неговиот дом дошло непознато лице кое се претставило дека бил брат на кумот на неговиот син и му побарал 10.000 денари, бидејќи итно му требале да плател царина за роба. Пријавителот заедно со лицето отишле во банка за да извади пари и откако му ги дал, лицето заминало.. Пријавителот подоцна телефонски исконтактирал со неговиот син по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.