Стефан Петревски е младо дваесетгодишно симпатично момче со позитивна насмевка и соништа кои му се остваруват. Навидум не се разликува од своите врсници. Сака се што сакаат и младите луѓе на негова возраст. Веслање, ноќен живот, излегувања, девојки. Но најмногу од се сака математика. Во моментов е меѓу петте студенти од Македонија кои ја имаат привилегијата да студираат на еден од најдобрите светски универзитети Оксфорд. Себе си се гледа како човек на кого математиката ќе му биде главна преокупација во животот, а иако го пропатувал светот за 24 инфо вели дека знаењето планира да го донесе во својата Македонија.
Приказната за Стефан започнува во основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци каде всушност осознава дека математиката ќе му биде ѕвезда водилка во животот. Од основното училиште всушност почнуваат и ситеуспеси по натпревари за математика благодарение на кои добива и целосна стипендија од средното меѓународно училиште „Нова“.
-Во втора година средно веќе бев подготвен за нови предизвици. Дознав за меѓународната програма на Светски обединети колеџи. Тоа е посебен модел на оперативно образование. Бев подготвен и сакав да видам нешто ново. Се брзо се случи. Аплицирав и добив стипендија и преку Македонскиот национален комитет од кој сега јас сум дел завршив како дел од програмата на 16 години во Канада. Целата на оваа програма е во мало школо од 150 деца да се соберат што повеќе држави. Кај мене имаше 85 националности од исто толку држави. Училиштето беше во Британска колумбија, на марина во Тихи океан со триесетина професори каде функциониравме сами за себе. Училиштето беше како големо село само за себе. Еден час пешки бевме од најблиското село.. Тука останав две години од каде потоа дојде Окфорд. Конкурирав на петнаесетина универзитети во Америка и Англија но желбата ми беше Окфорд и матаматика..
На кое ниво се македонските ученици во однос знаењето на канадските и британските?
Не сум баш најдобар репер за ова бидејќи прва и втора година бев дел од приватно училиште. Но можам да кажам дека со секој преод од едно во друго училиште имав огромен страв дали сум спремен за следниот чекор. Но од она што го слушам мислам дека е уназадено образованието, посебно во мојот дел за математиката. Кај нас има многу предмети, се учи се и сешто.Светските училишта се насочени кон малку предмети кои детално се изучуваат. Максимум се шест до осум.
Како стигна до Оксфорд?
Имав многу неконвенционлен пат до универзитетот. Сакав да влезам на добар факултет но не го правев тоа специјално за Оксфорд. Кога некој конкурира овде, многу е важно да знае дека на професорите единствено им е битно колку те бива за предметот за кој конкурираш. Ти треба професор за препорака, но најбитен е приемниот испит. По пријавата, во училиштето или во некој центар ти стига тестот кој го полагаш два -три часа. Јас решавав математика. На крај пишуваш мотивациско писмо и врз основа на тоа доаѓаш до интервју. Јас не можев дирекно да отидам во Англија за интервјуто да го правиме во живо, затоа го правевме на скајп. По интервјуто многу лошо се чувствуваш бидејќи те фаќаат кога не знаеш. Но не им е битно толку знаењето колку што им е битно колку си креативен и љубопитен.
Каков е животот на Окфорд, што се случува на училиште, се дружите меѓу себе?
Оксфорд е посебна приказна. Сите кои што го гледале Хари Потер имаат некаква слика како изгледа универзитетскиот град. Не само за архитектурата туку и за структурата. Тоа е голем универзитет поделен на колеџи. Оксфорд, ако морам да го споредам со некој македонски град тогаш тоа е како Куманово. Има околу 20.000 студенти 100.000 жители. Секаде може да се стигне со велосипеди и многу се пешачи. Еколошки настроен град е и нема можност каде да помине кола. Окфорд не е кампус туку е град . На секоја од главните улици имам по некој колеџ. Надвор од градот има 10.000 паркинг места за туристи. Најдалечен колеџ на кој одам е околу половина час пешки. Се е компактно. Живеам во центар на градот. Колеџите не се академски. Не се поделени по дисцилини. На мојот колеџ пример има луѓе што студираат и математика и англиски,но и уметност . Помала средина сме и кога треба да одам на предавања одам на математичкиот институт. За предметот кој го изучуваш одиш на институт и тоа е поразлично од кај нас.
Има ли братства и сестринства, огнени крштевања за членство во некое од нив?
Дефинитивно да, но не е толку екстремно како во американските факултети. Во Англија нема конкретна дефиниција на братства и сестринства туку има тајни здруженија. Пример секоја втора недела се во одела и сини машни и одат да пијат се додека некој не заврши на токсикологија. Но има и многу здрава спортска култура. Темпото и академската работа те принудува да имаш издувен вентил после предавањата. Веслањето е тренд во последно време. Стануваш во 6 сабајле и по дождливо време одиш на веслање по реките. Ама повеќе се гради тимски дух. Пред да дојдам сега во Македонија бевме во Кембриџ на спортски дружења. Една година тие доаѓаат кај нас една годинание одиме таму. Јас играм кошарка на пример. Годинва три автобуси бевме, има дружење супер е но не е како во филмовите.
Може ли дане направи споредба меѓу нашите факултети и твојот начин на студирање таму?
Значи јас не сум на некој факултет како ПМФ на пример туку на чиста математика. Првата година е иста за сите математичари без разлика дали сакаш да работиш во банк, на берза или во некоја голема компанија од друга област. Втора година е пола пола, трета е потполно насочена. Има предмети како математичка генетика која не е стигната на овие простори. Но проблем е што не можете да бирате предмети. Пример јас како математичар ако сакам да одам на некоја хемија на пример може да одам на предавање ,ќе ме пуштат , но јас никако не можам тоа да го вклопам во моите студии. Однапред кажуваш што сакаш и се држиш до тоа. Јас имам многу малку контактни часови 10 до 12 часа неделно што е многу малку и тука е голема разлика со наши факултети. Предавањата се во анфитеатри со 150 луѓе, но претходно мора да се спремиш за истото за да го разбереш. Професорот предава еден час. Печетот на Оксфорд , она то го прави посебен се туторијалите. Тие се надвор од предавањата. Се слууваат во колеџите и професори од Институтот доаѓаат кај нас. Тогаш имаш часови еден на еден или два на еден кога работиш дирекно со него. Ти даваат задачи за решавање. Ги работиш и потоа дискутираш за нив. Системот не ти остава да останеш позади. Ако се мачиш професорите ти помагаат и одиш напред . Нема кампањско работење. Мора се да се постигне и има рокови кои мора да се почитуваат. Петнаесет саати вкупно се поминува во предавања и туторијали, што е многу малку, но многу повеќе од тоа морам сам да работам за да постигнам се . Има слобода, но се зависи од тебе. Има многу слободно време кое можеш различно да го искористиш. Имаме многу распусти. Шест месеци си таму на факултет, шест на распуст. Но на распустот најмногу учам. Во текот на година има контролни испити, но тие не се за оценка туку за да видиме кој колку знае. Цела година се полага во јуни. Лани 13 предмети полагав во јуни во пет дена. Годинава 10 испити ќе полагам во 9 дена. Но мора така, испитите се сеопфатни. Се завршува најчесто до крај на јуни.
Има ли практична работа на големиот распуст?
За нашите македонски студенти знам дека после втора година мора да работат некаде во текот на летото. Но на Оксфорд не е така. Студентите се тие кои бараат работа во текот на летото. Таму од 150 студенти на математика дали десет ќе бидат теоретичари. Другите ќе завршат во сосема друга област. За нив атрактивни сектори се финансии и консалтинг, маркетинг. Не знам каде се гледам себе си но знам што ќе правам. Ова лето ќе одам во Хонк- Конг и ќе работам за една голема Интернационална банка со трговија на финансиски продукти на светски пазари на светски берзи. Сега светски тренд е дека образованието не ти ја одредува професијата. Без разлика што студираш можеш да работиш на сосема друго работно место. Во фирмата дојдов преку конкурс на кој се бараше личност, а не конкретно образование. На истиот оглас се јавија и луѓе кои студираат комјутерски науки, но и историја. Скринингот е долг, поминуваш многу интервјуа, тестови. Имав многу интервјуа во Англија, потоа ми платија лет до фирмта да се видиме и ја добив работата. Сите фирми често прават саеми на колеџите на кои регрутираат студенти. Тие даваат шанса на сите. Се зависи од вас. Ти даваат шанса, имаш можност да влезеш во интернационални компании секае во светот за работа.
Македонски девојки или Англичанки?
–Многу тешко прашање. Доста е различен пристапот и социјална средина. Во Англија позборлести се луѓето, поопуштени, има повеќе журки, послободни се луѓето, повеќе се пие. Сега сум слободен, немам девојка, но факт е дека полесно се поврзувам со македонските девојки.
Каков е ноќниот живот во Англија?
-Многу е пораздвижено, одиш на журка за да играш, не за да бидеш виден. Тука кај нас луѓето се со стеги, со предрасуди излегуваат навечер. Сум забележал дека има страв пред секое излегување, се прашуваат пред време како ќе биде навечер, како ќе си поминеш, што ќе речат. Во Англија нема коњопој во ниту една дискотека, неможат да стојат и да пијат и затоа сите играат, не се грижат за околината. Нема преголема култура за наркотици, но за пиење алкохол има.
Каде ја гледаш иднината, некаде во светот или пак би се вратил во Македонија?
Дефинитивно во применета математика. Се гледам во математичка генетика, финансиска матемаика, области кои допрва ќе ги откривам. Дефинитивно би се вратил во Македонија но не знам кога и како. Не велам кога ќе се отвори можност зошто и јас истата би можел да ја отворам. Не сум размислувал многу на таа тема. Но сепак иднината ја гледам овде.
Што им препорачувате на младите како да стигнат до интернационално образование?
Програмата од која и јас бев дел се вика Светски обединети колеџи. Во моментов постојат 17 училишта во светот, сега се отвара 18-то. Има на сите континенти, а најблиското кај нас е во Босна во Мостар. Ние сме Македонски национален комитет кој има авторитет од канцеларија во Лондон. Секоја година добивеме по неколку стипендии за деца од трета и 4 година за да може да аплицираат таму. Се изучува АЈ- БИ програма која ја има во две училишта во Македонија. Но овој начин на учење е многу убав. Практично се работи, алтернативно. Оваа година има седум стипендии за Македонци. Ќе пратиме ученици во Кина, во Ерменија, во Хонг-Ккконг, во Босна и Германија. Има фул и делумни стипендии. Информаццијата до децата доаѓа од наша страна, имаме и вработен човек кој ги посетува училиштата и ги информира децата. Се рекламираме и на социјалните мрежи. Имаше многу апликанти, над 60 отсто беа надвор од Скопје. Освен овие кратки програми нудиме и летни курсеви и програми за кампови на две до три дедели. Токму тие ја креваат свеста на младите. За годинава е завршен конкурсот. Се знае кои деца и каде ќе одат- завршува Стефан.
Го оставивме да се одмори и да ужива во неговото Скопје следните десетина дена колку ќе биде овде. А потоа повторно во Англија на дружба со неговата математика…
Валентина Ангеловска
фото: Слободан Ѓуриќ