На 22.03.2019 година околу 12,20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во КПУ “Идризово“-Скопје, во затворениот дел од амбулантата, на затвореникот О.А. (34) од Скопје му биле нанесена убодни рани во пределот на стомакот и десната надлактица, од затвореникот Ф.А.(34) инаку негов брат. О.А. со возило од КПУ бил пренесен во Комплексот клинки “Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.