На прилепската улицата „Адем Адемоски“ во попладневните часови на 22 март, дошло до семеен инцидент.
Како што информираат од МВР, 77-годишна прилепчанка се обидела да влезе во куќата на нејзината ќерка и зетот, а по кратка расправија со нејзиниот зет, кој не ја пуштал да влезе, тој во еден момент ја турнал и старицата паднала на скалите пред влезната врата од куќата.
Од падот се здобила со тешки повреди и била хоспитализирана. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.