Еко акција во Кисела Вода

Општинската организација на СДСМ Кисела Вода денеска започнува еко-акција „Зелена и чиста Кисела Вода“. Тие денес засадија 180 висококвалитетни дрва на повеќе локации низ општината.

-Цветан Димов, Пржино, Бирарија, Црниче Бараки Пинтија, Подстаница, Усје, населба Драчево и Три круши денеска и утре ќе бидат засадени 180 дрва за зазеленување на нашата општина.

Квалитетот на воздухот и животната средини зависат од сите нас, од нашето делување, од нашата свест.Секој од нас има шанса да придонесе за заштита на здравата животна средина и чистиот воздух. Ги повикиваме сите граѓани на Кисела Вода да се приклучат на оваа акција и да дадат личен придонес во обезбедувањето чист воздух и здрава животна средина.Ајде заедно да се грижиме за нашата животна средина- велат од таму.

Еколошката акција „Зелена и чиста Кисела Вода“ што Општинската организација на СДСМ ќе ја спроведува во неколку наврати во текот на целата година. Освен засадувањето дрва акцијата ќе се прошири и со чистење на јавни површини, диви депонии, како и едукација на граѓаните.

 

 

Треба да знаете
Последни објави