Спор меѓу две ривалски ѕвезди на Јутјуб каналот, предизвика масовна тепачка на плоштад во Берлин. Повеќе од 100 полицајци учествуваа во акцијата за спречување на тепачката која избила во четвртокот вечерта на плоштадот Александерплац во германскиот главен град.
Полицијата соопшти дека уапсени се девет лица, а се претпоставува дека тепачката била организирана, со оглед дека се собрале повеќе од 400 луѓе, откако двајца главни поттикнувачи на инцидентот, ги повикале своите обожаватели да им се придружат на соочувањето. Тензиите ексалирале, по што избила голема гужва меѓу 50-на луѓе.
Полицајците користеле пејпер спреј и солзавец, откако не успеале убедувањата за прекинување на борбата. Во целата интервенција, тепачките се прошириле и во подземната железница, каде масата народ се гаѓала со камења.
Во инцидентот повредени се двајца полицајци, а шест луѓе се гхоспитализирани поради иритација на очите.
Се работи за спор измеѓу две ривалски ѕвезди на Јутјуб од Берлин и Штудгард, според информациите од локалните медиуми.