Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска и утре ќе престојува во работна посета на Хрватска.
Во организација на градот Карловац тој денеска ќе присуствува на свеченото откривање на биста на Мајка Тереза во Националното светилиште на Свети Јосиф.
Според агендата, Адеми утре ќе оствари средба со дијаспората во Хрватска и ќе ги информира за веќе усвоената Национална стратегија за соработка со дијаспората. На средбата се очекува да бидат разгледани можностите за идна заедничка соработка со цел реализацијата на активностите кои произлегуваат од Стратегијата и Акцискиот план.
Предвидено е министерот Адеми да го посети местото каде што се гради македонската православна црква во Загреб каде ќе оствари средба со отец Кирко Велински.