Момче ги спаси другарите од возачот кој го киднапираше школскиот автобус- Италија му се заблагодари на посебен начин
13-годишниот тинејџер Реми Шехата кој го надмудри киднаперот на училишниот автобус во Италија и така им ги спаси животите на своите соученици ќе добие италијанско државјанство.
Да потсетиме, возачот на училишниот автобус, инаку од Сенегал, во среда го запали возилото, а на децата им рекол дека се одлучил на овој потег поради страдањето на африканските мигранти.
За среќа, 50-те ученици се извлекле без тешки повреди.
Реми во тој случај добро се снашол кога на телефон му се јавил на својот татко додека се претворал дека се моли на арапски.
Инаку, семејството на момчето е со египетско потекло, но Реми се родил во Италија, меѓутоа немал државјанство од таа земја.
„Мојот син ја изврши својата должност, би било убаво да добие италијанско државјанство. Би сакале да останеме во оваа земја“, рекол таткото на Реми.