ВМРО-ДПМНЕ беше и остана во одбрана на криминалот, против правдата и против напредокот на државата.
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека одбрана на криминалот, одбрана на сторители на сериозни кривични дела од редовите на нивната партија им е најважно.
Функционирање на правото и правната држава, разоткривање и решавање на случаи со високо ниво на корупција , не им одговара на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа се против СЈО како посебно обвинителство затоа се против новиот Закон за јавно обвинителство.
ВМРО-ДПМНЕ не сака независно и професионално обвинителство, затоа е и против реформите. Па , наместо конкренти амандмани и предлози за законскиот текст за Јавното обвинителство, тие поднесуваат некакви лажни принципи.
СЈО мора да продолжи како посебно обвинителство ,а новиот закон за јавно обвинителство е најсоодветното решение кое е во интерес на државата и граѓаните.