Пендаровски ја почнува кампањата од Прилеп со слоганот Заедно напред
Слоганот на кампањата за кандидатот за претседател со број 3 ,Стево Пендаровски ќе биде ЗАЕДНО НАПРЕД!
Слоганот ја одразува суштината на Програмата на Стево Пендаровски која се темели на заедништво, на обединување на граѓаните и на забрзан развој на земјата на патот кон НАТО и ЕУ.
ЗАЕДНО и НАПРЕД е суштината и на досегашното работење на Стево Пендаровски и претставува континиутет на неговата општествено-политичка присутност и ангажираност.
Пендаровски ќе ја започне кампањата со централен митинг од Прилеп во 20:00 часот дознава 24инфо.