Светскиот шампион Франција го започна силно своето учество во квалификациите за ЕП 2020 по победата од 4:1 над Молдавија во натпревар од групата „Х”.
Убав гол на Антоан Гримман (24) го отвори резултатот, а потоа следеа и погодоци на Рафаел Варан (27) Оливие Ѓиру (36) и Килијан Мбапе (87).
За домаќините, Амброс беше прецизен во 89-та минута.
Тренерот на „петлите”, Дидие Дешан се потпре на шема 4-2-3-1, со Жиру во нападот, поддржан од Мбапе, Гризман и Коман.
Рахим Стерлинг, Фото: УЕФА ЕП 2020
Англија пак ги започна квалификациите со импресивна победа, откако на „Вембли” ја победи Чешка со 5:0 во натпревар од групата „А”.
Херој за домаќините беше Рахим Стерлинг, кој постигна „хет-трик” за „трите лава”. Прецизен беше и Хари Кејн од пенал, а на крајот Томас Калас ја внесе топката во својата мрежа.
Одличен натпревар одигра младиот Џејдан Санчо, кој асистираше за првиот гол.
По првиот круг, Англија е на чело на табелата со 3 поени, а Бугарија и Црна Гора имаат по 1 поен.
Квалификации за ЕП 2020, 1 коло:
Група „А”:
18:00 часот:
Бугарија – Црна Гора 1:1
0:1 Мугоша (50)
1:1 Неделев (82-пенал)
20:45 часот:
Англија – Чешка 5:0
1:0 Стирлинг (24)
2:0 Кејн (45-пенал)
3:0 Стирлинг (62)
4:0 Стирлинг (68)
5:0 Калас (84-автогол)
Група „Б”:
20:45 часот:
Луксембург – Литванија 2:1
0:1 Чернич (14)
1:1 Мартинс (45)
2:1 Родригез (55)
Португалија – Украина 0:0
Група „X”:
20:45 часот:
Албанија – Турција 0:2
0:1 Јилмаз (21)
0:2 Чалханоолу (55)
Андора – Исланд 0:2
0:1 Сигурдсон (22)
0:2 Кјартансон (80)
Молдавија – Франција 1:4
0:1 Гризман (24)
0:2 Варан (27)
0:3 Жиру (36)
0:4 Мбапе (87)
1:4 Амброс (89).