Џаферовски: Пожарот во кавадаречко ставен е под контрола
Неофицијално, околу 80 хектари сува трева и ниско стеблеста шума се опожарени од пламените јазици што веќе 9 часа беснеат на месноста Манастирец. Противпожарна единица се на терен и интервенираат заедно со вработени Дирекцијата за заштита и спасување и од Македонски шуми. Спречено е ширење на огнот кон боровата шума на Љубаш, а со тоа е спречена и многу поголема катастрофа за 24 инфо ни пренесе директорот на ДЗС Аднан Џаферовски.
И овој пожар како и неколкуте во изинатиот период се причинети поради несовесен однос на дел од земјоделците кои ги палат стрништата и остатоците од кроењето на лозајата. Досега стотина пати надлежните апелираа да не се пали оган на отворено, а најмалку запалениот оган да се остава без контрола.