Триесет и деветтиот претседател на САД, Џими Картер ја понесе титулата „најдолговечен американски претседател”, откако го надживеа досегашниот „лауреат”, Џорџ Буш Постариот.
Имено, Буш почина кога имаше 94 години и 171 ден, а Картер вчера наполни 94 години и 172 дена.
Картер, кој заедно со неговата сопруга раководат со „Картер Центарот” што се бори за заштита на човековите права, пред неколку години при гостување на една британска телевизија изјави дека „има за цел да живее подолго од гвинејскиот црв”, за што како што нагласи „смета дека има добри шанси”.
„Гвинејскиот црв” е паразитска инфекција што ја предизвикува користењето на загадена вода, а „Картер Центарот” е ангажиран во напорите за целосно искоренување на оваа болест