Двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, во кои беа убиени 50 луѓе, денеска се повторно отворени откако претходно беа обновени, по крвавиот масакр. Многумина преживеани први влегоа внатре, за да се молат за загинатите.
Во џамијата Ал Нор, во која терористот Тарант уби повеќе од 40 верници, молитвите започнаасо силно полициско обезбедување.
Аден Дирије, кој во крвавиот масакр го загуби својот тригодишен син, Мусад Ибраим, се врати во џамијата со пријателите.
„Многу сум среќен. Алах е голем за нас. Штом ја обновивме џамијата, се вратив на молитва“ рекол Аден по молитвата.
Поголем дел од жртвите биле мигранти или бегалци и нивната смрт го потресе исламскиот свет.
Јорданскиот принц Ел Хасан бин Талал, кој ја посети џамијата Ал Нор, рекол дека терористичкиот чин бил напад на човечкото достоинство.
„Ова е момент на длабоко патење за сите нас, за човештвото“ рекол бин Талал.
Полицијата објави дека се отвора и џамијата во Линвуд, која исто така беше нападната минатиот петок за време на молитвата.