Иако поразот на Исламска држава во Багуз означува крај на власта над џихадистичката квази држава, која се простираше на делови на Сирија и Ирак и која e прогласена во 2014 година, таа се уште претставува закана.
Исламска држава е поразена и во последниот дел од територијата во Багуз во Сирија, објави Сириските демократски сили(СДФ) , кои уживаат американска поддршка, објавувајќикрај на самопрогласениот калифат, кој некогаш се простираше а една третина на Ирак и Сирија.
СДФ објавија дека во целост е уништен таканаречениот калифат, напиша на Твитер лидерот на канцеларијата за медиуми на СДФ, Мустафа Бали.
Синоќа американскиот претседател, Доналд Трамп објави дека Исламската сржаваповеќенепостои. Тој на новинарите им покажа две карти со територии под контрола на ИД, едната пред и другата денес, по ослободувањето на териториите.
СДФ со недели се бореше за Багуз на ирачката граница со силите на ИД.
Некои борци на ИД и натаму се сокриени во пустината во центарот на Сирија, а во ирачките градови се притаиле изведувајќи ненадејни напади и киднапирања, чекајќи прилика за повотрно издигнување.
САД веруваат дека водачот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади е во Ирак. Тој во 2014 година, стоејќи на говорница во големата средновековна џамија во Мосул, прогласи калифат, чии поданици сите се муслимани.