Димитриевиќ: ВМРО-ДПМНЕ води ниска, валкана и неморална кампања

Заглавени во сопствената безидејност Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку Унијата на млади сили спроведуваат ниска и неморална кампања. Злоупотребуват приватност, ги вмешуваат децата и семејствата на политичари, изјави на денешната прес-конференција Александар Димитриевиќ, од СДММ.

„Објавеното видео на социјалните мрежи од страна на Јован Јаулески, претседател на УМС, на кое приватни фотогорафии на деца на политичари се ставени во друг контекст, не е само упад во приватноста туку директно посегнување по семејствата. Таквиот однос и злоупотребата на семејствата, на приватноста, не треба никогаш да биде дел од партиската или политичка дискусија. СДСМ најостро го осудува овој срамен и неморален потег на УМС, на Јаулески и на Христијан Мицкоски. Осудуваме секаков обид децата и членовите од потесното семејство да се злоупотребуваат во дневнополитички цели, во измислени контексти кои немаат врска со реалноста“, рече Димитриевиќ.

Во оваа насока СДММ, го осуди и нападот кон синот на Гордана Силјановска и обидите за негова дискредитација или злоупотреба во други цели.

„Оваа мизерна кампања на УМС и Мицкоски треба да престане. Тоа што немаат идеја, немаат програма ниту став за важните прашања не е изговор. Ваквата ниска и неморална пракса која многу потсетува на манирите на режимските кампањи на Никола Груевски не носи добро никому, ниту буди поттик или позитивни промени за младите. Напротив, таквото неморално дејствување на УМС е со цел да создава раздор, конфликт, омраза и ја вмешува политиката таму каде што не и е местото“, додаде Димитриевиќ.

Треба да знаете
Последни објави